Домашен пилинг за отстранување на стрии!
Стриите на телото се бледи лузни кои се појавуваат на кожата за време на хормоналните промени во телото: за време на бременоста, за време на доењето, нагло зголемување или намалување на телесната тежина. Стриите се почести кај жени со ниско ниво на еластични влакна во кожата или пак се појавуваа поради наследни фактори.
Се разбира, секоја жена сака да се ослободи од стриите на различни начини: со употреба на скапи креми за стрии до нивно отстранување преку хируршки интервенции. Сигурни сме дека не треба да одите толку далеку, бидејќи со помош на природни методи, секоја жена може да се ослободи од стриите или значително да ги намали.
Предлагаме да размислите за оваа ефикасна природна мешавина за борба против стрии.
Потребни состојки:
- 250 грама сол
- 250 грама шеќер
- 100 мл палмино масло (можете да го замените палминото масло со кое било друго растително масло)
Прилагодете ја количината на домашен пилинг според потребите на вашето тело.
Измешајте ги сите компоненти и нанесете ја мешавината на проблематичните делови на кожата за време на вечерниот туш и темелно тријте. По постапката, нанесете крема или лосион на телото.