ЖивотУбави совети
Доколку жената се однесува вака, веќе е доцна…со сигурност ја губите!
Иако жените се многу комплицирани во суштина и за да одлучат да раскинат им треба многу размислувања и пребројување “за и против”, откако конечно ќе се одлучат за тој чекор, тие дејствуваат многу едноставно и доволно е со малку внимание и приметување на јасни знаци да се забележат промени во нејзиното однесување, така што брзо ќе ви стане јасно дека крајот е многу близу и дека е неизбежен.
Еве неколку јасни знаци дека жената се подготвува да ја прекине врската:
- Молчи многу повеќе од порано.
- Омилен одговор и станал “Не ми е ништо”
- Не е заинтересирана за вас и вашите случувања.
- Бара повеќе време за себе.
- Најпрво си ја задоволува нејзината желба, а на вашата може и да заборави.
- Не сте дел од нејзините планови.
- Избегнува да разговара со вас за врската и за суштински проблеми.
- Сама чекори низ секојдневието, се навикнува да биде без вас.
- Телефонските повици и пораки стануваат се поретки.
- Нема желба ниту да се расправа ниту да се радува со вас.