ЖивотУбави совети

Диетална пита за целото семејство!

Оваа брза и лесна пита може да ја јадете често, бидејки е ниско калорична може да ја јадат и оние кои внимаваат на килограмите.

Потребни состојки: 2 јајца, 200гр урда, 50гр кашкавал, 20гр пченкарно брашно, 50гр спанаќ, сол, лик во прав и пола ќесичка прашок за печиво. Семки од лен и сончоглед за посипување одозгора.

Изрендајте го кашкавалот, исецкајте го спанаќот, изматете ги јајцата и се заедно измешајте со миксер. Во намастен плех за куглоф или ролат префрлете ја целата смеса и посипете ја со семките од сончоглед и лен. Печте на 180 степени додека не зарумени. Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button