ЖивотУбави совети

Родители ве замолувам обрнете внимание на своите дечиња…

Родители ве замолувам обрнете внимание на своите дечиња. Нека научат да љубат и прифаќаат различности, не е убаво и тажно е да се исмеаваат и да судат. Ни најмалку не се виновни дечињата кои се родени со попречен развој или со некаков инвалидитет. Тие се исто деца како што се и здравите. Искрени, добронамери и мирољубиви. Ако едно детенце има психичка или пак физичка мана тоа е доволна голема болка за него и за неговите најблиски, не дозволувајте вие или вашите деца да допринесат таа болка да се зголеми. Таквите дечиња секојдневно се мачат, плачат, се плашат да излезат надвор, да се помешаат со народ зошто ќе бидат попреку гледани во најмала рака. Навредувани се, отфрлени и понижени од општеството. Зар тоа не е голем срам за нас? Зар тоа не говори дека ние родотелите сме криви? Ние возрасните и нашето лошо општество кое не нуди накава помош и грижа за таквите луѓе сме виновни до болка. Нема соодветни училишта, соодветни работни места, соодветни паркинзи, возила, маркети.. ништо за нив и нивните можности нема. Зошто ги третирате како изроди? Како нешто неприродно и лошо да се? Не гледајте ги со презир. Не осудувајте туку помагајте. Тие се сепак луѓе не заборавајте!

Поврзани статии

Back to top button