ЖивотУбави совети

На децата треба од најраните години да им се стекне навика да избегнуваат обработено месо – сувомеснати производи!

Родителите не треба на децата да им подготвуваат сендвичи со сувомеснато за појадок, предупредува Светскиот фонд за истражување на ракот (WCRF), туку треба од најраните денови да им се стекне навика да избегнуваат обработено месо како шунка, салами, колбаси и сланина.

WCFR сугерира дека постојат докази дека сувомеснатите производи го зголемуваат ризикот од рак на дебелото црево. Иако, немало истражување за влијанието на конзумирање на производи од месо врз здравјето на децата, постојат докази дека штетностите од овој вид на храна кај возрасните се доволно убедливи, нагласи WCFR, цитиран од британскиот “Индипендент”.

На родителите исто така им се препорачува да избегнуваат на децата да им даваат премногу мрсна или премногу калорична храна и засладени пијалаци, бидејќи тие го поттикнуваат таложењето на калории и доведуваат до дебелеење кое што е директно поврзано со појава на рак.

Поврзани статии

Back to top button