Убави дестинации

Дестинација која е атрактивна и привлечна преку целата година, но на лето тука може да се ужива на прекрасни плажи…

Овој остров може да се пофали со магична природа, прекрасни плажи, совршен ноќен живот и богата историја. Повеќето луѓе ја посетуваат Мајорка (Шпанија) за време на летната сезона, почнувајќи уште од од мај па се до октомври.

Поради своите убави плажи, голем број луксузни хотели и апартмани во Палма де Мајорка секоја година одат милиони туристи од целиот свет.

Но, исто така треба да знаете дека ако одлучите да престојувате на Мајорка надвор од сезоната, тоа ќе биде прекрасно искуство за вас и ќе бидете во можност да се забавувате и да истражувате до максимум. Мајорка располага со убави плажи на кои можете да уживате, на нив се нудат многу активности и авантури кои можете да ги пробате додека сте таму. Доколку се одлучите да го истражите стровот, најдобро би било тоа да го направите со велосипед. Ако ги сакате активностите на отворено, тогаш мора да ја посетите животната средина на Планината Сера де Трамунтана која е под заштита на УНЕСКО. Исто така задолжитлно треба да го посетите главниот град Палма, во кој можете да уживате во медитеранскиот дух. Дестинација која е атрактивна преку целата година дефинитивно е Палма де Мајорка! 

Поврзани статии

Back to top button