Десет знаци дека сте го скршиле неговото срце!
Можеби мислите дека никогаш не сте скршиле нечије срце, но веројатно е дека мислите грешно. Мажот кој го напуштате се обидува да го зачува достоинството и не сака да покаже пред вас колку навистина всушност го повредувате. Сепак, постојат мали знаци кои велат дека неговото срце е скршено, а неговото его е намалено, и вие сте единствената која е крива за тоа. Човекот кој ја губи својата сакана жена страда и го уништува своето его, како и желбата за иднина барем за некое време. Еве некои знаци од кои можете да заклучите дали сте скршиле челик(машко срце), без оглед дали сте имале таква намера или не:
Тој одбива да ве види, се прави само да ве избегне кога случајно ќе налета на вас. Моли да се смирите, ве презира и сака истовремено само за да си олесни. Ви кажува колку навистина сте го повредиле и упропастиле. Се обидува да остане ладен кон вас. Не излегува никаде и со никого од кога се разделивте. Стана опседнат со спорт и теретана. Објавува патетични постови на социјалните мрежи. излегува со пола град, се фотка со различни девојки. Утехата си ја бара во алкохол и храна. Не може да ја сокрие лутинта додека разговара со вас. Ве озборува пред вашите пријателки само затоа што знае дека тоа ќе стигне со вас и така ќе ве повреди.
Доколку вашето бившо момче може да го пронајдете барем во една од горенаведените ситуации бидете сигурни дека тој после вас останал момче со скршено срце!