ЖивотУбави совети

Десертот е најважно да биде здрав!

Дали сте пробале здрава торта? Ако не, време е да го сторите тоа, па уверете се во тоа самите. Денес, ви подготвивме рецепт за неодолива сурова торта од чоколадо и малини.

Состојки:

Долен дел: 1 чаша бадеми, 6 урми, 20 гр кокосово масло, 1/2 чаша ванилин шеќер.

Крем од бело чоколадо: 2 чаши индиски ореви, 60 мл сок од лимон, 60 мл мед, 50 гр кокосово масло, 60 гр какао, 1/2 лажичка ванилин шеќер, прстофат сол.

Прелив од малини: 3 лажици мед, 250гр малини и 60 гр масло од какао.

На калапот за торта извадете го обрачот и ставете харија за печење. Од урмите звадете ги семикитеи исечкајте ги. Кокосовото масло растопете го на оган. Бадемите и ванилиниот шеќер изблендирајте ги, потоа додадете ги урмите и блендирајте додека се не се соедини. На крајот додадете го и растопеното масло од кокос и мешајте се додека не почне да се лепи смесата. Ставете ја смесата во калапо и кренете ја во фрижидер додека не ги припремите и другите два дела од десертот.

Крем од бело чоколадо: Индиските ораси потопете ги во вода два часа пред да почнете со подготовка, потоа исцедете ги. Маслото од какао и од кокос треба да се растопат на тивок оган. Сите состојки (освен маслото од кокос и какао) ставете ги во блендер и блендирајте се додека не се соедини смесата. На крајот додадете ги растопените масла и блендирајте уште малку. Ставете го кремот во длабог сад и дрете го на топло место додека не го завршите преливот од малини.

Ако користите замрзнати малини потребно е предходно да ги измиете и да ги оставите да постојат на собна температура. Во блендер измиксирајте ги сите состојки за преливот (освен маслото од какао). На самиот крај додајте го маслото од какао и измиксирајте уште малку. Додадете го кремот од чоколадо паралелно со преливот од малини. На крајот, измешајте ги со вилушка за да добиете торта. Ставете ја тортата во замрзнувач 2-3 часа.

Ако го чувате десертот во фрижидер потребно е половина час пред сервирање да го извадите на собна температура.

 

Поврзани статии

Back to top button