ЖивотУбави совети

Денешните генерации ќе не разберат ли?

Како поминува времето така се повеќе напреднува технологијата. Забораваме на некои стари навики и се претопуваме во сегашноста. Не велам дека треба да живееме во минатото, но, прекрасно е чувството кога на него се навраќаме од време на време и тоа ни предизвикува насмевка.

Која радост беше кога излегоа првите радиа, паметите? Па, која мака беше да ја трефнеш фрекфенцијата која ја сакаш. Па, ќе го соберевме цело друштво за да слушаме заедно радио. Денешните генерации не знаат кое е чувството штом се разбудиш одма да го вклучиш радио и да уживаш во утринско кафе пропратено со звукот и магијата на радиото. Денес не дека не се слуша радио, се слуша, но, веќе е друг филингот. Благодарение на сегашната технологија во денешно време да не речам секој, но скоро секој втор човек слуша радио преку лајф стримнинг. Интернетот не обзема целосно. Без интернет како без живот сме.. А, ние не сакаме да се разделиме од старата убава навика да слушаме радио па додека сме дома си слушаме на старото радио кое ќе го видите во продолжение, а додека сме излезени на слушалките од нашиот смартфон, преку интернет де 🙂 . Сума сумарум слушаме секој ден по цел ден радио! А сликиве не се тука за да се почувствувате старо ако ги паметите овие радиа туку да се почувствувате богато, оти годините и искуството се вистинско богатство!

Поврзани статии

Back to top button