ЖивотУбави совети

Две правила за љубовните врски кои мора да ги знаете

Многумина мислат дека нивните врски се комплицирани, постојано се во дилеми да останат во врската или да раскинат, се плашат од помислата на брак.

Но, кога станува збор за врските важат две едноставни правила, кои колку и да не сакаме да признаеме се логични и треба да ги почитуваме доколку сакаме да сме среќни во љубовта.

Првото правило е тоа дека врската треба да биде едноставна.

Можеби бурните расправии и драмите со солзи и романтичното помирување после нив изгледаат моќно, ама само на филм. Со оглед на стресниот живот кој го живееме, најмалку што ни треба е врска која ќе го ни го покапчува притисикот. Среќните врски се едноставни, двете страни се подготвени на компромис, нема драми, лутења ко деца, врискање, навредување, префрлување….

Второто правило е дека врската треба да предизивикува радост.

Секоја онаа врска која ве прави нервозни, очајни, тажни, несигурни или плашливи треба да ја напуштите веднаш за свое добро. Целта на една љубовна врска е да предизвика убави и позитивни емоции. Не можете цел живот да го поминете во нечија сенка, молчејќи се за ронки радост кои ќе ги добиете по денови поминати во плачење и кубење на коси.

Па, се согласувате ли со овие правила за љубовните врски?

Поврзани статии

Back to top button