Од васУбави муабети
Да не постоеше мракот… Светлината немаше да ја има моќта…
Да не постоеше немирот…
Немаше да знаеш каков вкус има мирот.
Да не постоеја порзите…
Немаше да знаеш колкава е радоста од победите.
Да не постоеше мракот…
Светлината немаше да ја има моќта, да ти покаже друга димензија.
Да не постоеше балансот…
Немаше да постои ниту Универзумот.
Оној наоколу.
И оној кој никој не го гледа…
Сокриен длабоко во тебе.
Маја Спасовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk