Убави вести

Да им помогнеме на Beatrix Crew да ја освојат Месечината!

Вљубениците во танцот, Beatrix Crew го лансираa нивниот “Generosity” проект, во обид да пронајдaт сограѓани кои ќе им помогнат да ги остварат нивните соништа.

Велат дека деновиве за нив започнува едно триесетдневно патешествие, во кое би биле пресреќни доколку се вклучите и Вие!

„Нашата група и оваа година е подготвена за ESDU Светското првенство во модерни танци. Во 2015 се закитивме со престолот на ВИЦЕШАМПИОНИТЕ. Пласман досега непостоечки за македонскиот танц. Но, во 2016 година, иако подготвени не заминавме на натпревар. Зошто? Поради недостиг на финансии за да се изреализира проектот. Затоа оваа година сте ни потребни ВИЕ! Верувајте ни, свесни сме дека не е секој во можност да донира, а знаеме и какви се приказни има, кои заслужуваат предност. Но, би Ви биле благодарни доколку го споделите овој пост за да ни помогнете во нашиот пат кон Месечината! И запомнете, доколку се качиме на неа, Ве сакаме и Вас до нас!“ – велат од Beatrix Crew.

Погледнете го официјалното видео за прокетот:

И дајте им поддршка на овие креативни млади луѓе овде: https://www.generosity.com/sports-fundraising/if-only-you-could-see-us-move

 

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button