Дарко Лешоски: Кога ја запознав првата љубов кога ми кажа те сакам прашав – Од кога?
“И јас”
Кога бев дете кога ќе ми речеа Те сакам велев и ја.
Зошто бев човек.
Кога подзараснав и ќе ми речеа: “Леле бре колку ми те сакам” – прашував “колку?”
За да ми кажат колку многу и да им поддадам малце и јас.
Кога се роди сестра ми кога ќе ми речеа “те сакам” прашував “кого повеќе? се малку ми беше тогаш.
Кога ја запознав првата љубов кога ми кажа те сакам прашав.
Од кога? – За да и кажам дека јас пред нејзе знам.
Колку? За да ја прелажам дека јас ѓоа повеќе неа ја сакам.
А сега колку повеќе стареам кога ќе ми каже некој те сакам
Макар и непознат кој мене ме знае, а јас не го познавам велам “и јас!”
Пак со истите детски очи почнувам да гледам.
Оти е човек.
Оти сум човек и јас.
И не знам каква битка во денот тој преживеал.
Битки за кои јас ништо не знам.
И што све не и кој се не му се изнаебало мамата.
А љубов треба.
На секому треба.
Дарко Лешоски