Од васУбави муабети

Дами, чистете само кога морате!

Наша читателка на социјалните мрежи наишла на искрена и поучна исповед која одлучивме дека е многу корисно да ја споделиме со вас.

“Драги дами!

Запомнете дека прашината го заштитува дрвото кое се наоѓа одоздола. Куќата станува дом кога на намештајот ќе можете да напишете “Те сакам”. 

Поминував по осум часа чистејки за време на слободните викенди. Сакав се да биде совршено во секое време, кога и некој да дојде куќата да ми блеска.

Конечно еден ден сфатив дека никој не доаѓа, дека сите се некаде надвор, дека одмараат и уживаат во денот.

Денес, кога луѓето ми доаѓаат на гости јас не осеќам потреба да им се правдам за малиот неред во домот. Оти тие доаѓаат да им раскажам како живеам и како ги минувам деновите.

Ако ова се уште не сте го сфатиле сами ве молам послушајте ме: Животот е еден, уживајте во него! 

Чистeте колку што е потребно. Зарем не е подобро да направите торта, да насликате слика, да засадите цвеќе или да сошиете сами завеси? Научете да правите разлика меѓу Сакам и Морам.

Чистете колку што е потребно, но имајте на ум дека денот е краток исто како и животот. И, немате многу време, за планините кои сакате да ги искачите, езерата кои сакате да ги препливате, пријателствата кои сакате да ги задржите, музиката која сакате да ја слушате и животот кој сакате да го живеете.

Чистeте колку што е потребно но, животот е таму преку прозорецот, со сонцето во вашите очи, ветерот во вашата коса, снегулките снег на вашето лице, капките дожд… Овој ден нема никогаш да се повтори.

Чистeте колку што е потребно но имајте на ум, староста брзо ќе дојде, а не е воопшто љубезна…а кога ќе умрете, а да се умре мора, вие сами ќе направите уште повеќе прашина…

Поделете го овој мој совет со сите прекрасни дами во вашиот живот.

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button