ЖивотУбави совети

Дали млечните производи помагаат при слабеење?

Диетата богата со млечни производи како што е сирењето може да помогне во слабеењето, тврдат австралиски научници.

Во студијата, испитаниците биле подложени на диета со малку калории, а некои од нив морале да консумираат повеќе сирење, јогурт и млеко со малку маснотии. Се испоставило дека испитаниците кои вклучиле повеќе млечни производи во исхраната полесно ослабеле, а оние што јаделе по пет порции дневно наместо три млечни производи, најбрзо ја изгубиле тежината.

Сирењето и млечните производи се богати со протеини кои ни помагаат побрзо да се чувствуваме сити затоа што го забрзуваат метаболизмот, а повеќето луѓе кои сакаат да ослабат веруваат дека прво мора да се ослободат од нив бидејќи се богати со маснотии.

Поврзани статии

Back to top button