ЖивотУбави совети

Дали знаете дека кавгите во бракот понекогаш можат да бидат здрави?

Можеби сè уште ви излегува пареа од ушите затоа што вашиот сопруг ненамерно ја извлече последната од купот здиплени маици, соборувајќи ги сите други. Или сè уште не разбирате зошто ја остава пастата за заби отворена или ја става тоалетна хартија наопаку. Не можеме да ги отстраниме несогласувањата и разликите во мислењата, но ќе откриете дека некои кавги во бракот можат да бидат позитивни. Важно е да се направи разлика помеѓу здравите и оние кои ги уништуваат темелите на врската.

Како може расправијата да биде добра?

Пред сè, расправијата ви дава можност да го искажете своето мислење. Недоразбирањата се сосема можни затоа што сите немаме исти погледи на светот, интереси, приоритети и верувања, дури и ако живееме заедно. Ако молчите и страдате тивко, прифаќајќи го мислењето на вашиот партнер како единствено и точно во секоја приказна, полека го губите контактот со вашето „јас“. Борбата за вашето право да го кажете она што го мислите и чувствувате ви дава можност да бидете еднакви и да откриете зошто вашиот партнер мисли поинаку.

Расправија за домашните обврски – Ах да, тоа се вообичаени кавги. Ако не сте се расправале со вашиот партнер околу куп неизмиени садови во мијалникот, дали сте воопшто во брак? Шала на страна, овие „расправии“ всушност се начин за подеднакво поделување на работните обврски. Никој од нас особено не сака да работи домашни работи, но тие се нешто што секој од нас мора да го прифати како „нужно зло“. Поделбата на обврските ќе биде идеално решение. Денес згответе вие а тој нека испазари, утре сменете ги обврските.

Расправија за тоа како го трошите слободното време – Ако вашиот сопруг купил PS5 за полесно да ги помине деновите во карантин, и тој знаеше по десет часа да не станува од кревет додека вие се грижевте за децата и куќата, зошто вие би се откажале од сонот да одите на јога, да трчате, танцувате или читате, ако тоа е вашиот начин да го опуштите вашиот ум. На секој од нас му е потребна различна стимулација и начин за релаксација, и затоа расправијата за „вашето право за да го правите она во што уживате“ е онаа од која не треба да се откажувате.

Расправија за кога и колку да имате деца и каде ќе живеете – За разлика од ситните проблеми, оваа расправија бара да бидете верни на самите себе. Вашиот став кон тоа кога и колку деца сакате всушност е длабоко вкоренет во вашиот поглед на светот, идентитетот и искуството. Иако многу може да се промени кога ќе стапите во брак и може да го имате првото дете, ако не останете верни на себе, многу лесно може да се случи да се изгубите во улога што навистина не ја посакувавте баш тогаш. Исто така, ако сте личност која не ужива надвор од урбаната средина, животот на село ќе ви биде многу тежок, па затоа е важно вашиот партнер да биде многу свесен за тоа.

Поврзани статии

Back to top button