Дали знаевте дека постојат 4 фази на настинка? Еве што можете да очекувате од секоја
Настинката често се гледа како единствена болест, меѓутоа, постојат многу видови вируси кои можат да ја предизвикаат. Сепак, без разлика кој вирус е причината, постојат типични фази на обичната настинка.
- Инфекција / изложеност
Првата фаза на настинка е почетната изложеност на вирусот. Во оваа фаза доаѓаме во контакт со патогенот. Влегувајќи во нашето тело, патогенот добива можност да доведе до настинка, меѓутоа, во таква рана фаза се уште нема симптоми и можноста да се заразат други е многу мала. - Инкубација (1 до 3 дена)
Следната фаза е инкубација. Ова е период помеѓу инфекција и појава на првите симптоми. Лекарите веруваат дека инкубацијата обично трае помеѓу 24 и 72 часа. Бидејќи се уште немаме симптоми за време на оваа фаза, помали се шансите да ја пренесеме настинката на другите, иако тоа е можно. - Развој на симптоми (7 до 10 дена)
По периодот на инкубација, се појавува цел сет на симптоми, кои траат во просек по 10 дена, додека кај некои луѓе кашлицата трае и до две недели. Во оваа фаза, се разликуваат два периода: рани симптоми и развиени симптоми.
Период 1: Рани симптоми
Периодот на рани симптоми се карактеризира со поблага непријатност, како што е непријатно гребење во грлото, замор и течење на носот. Во овој период, тешко е да се разликува настинка од алергии, но и од други видови инфекции. Штом се појават симптомите, можноста за заразување на другите станува голема.
Период 2: Развиени симптоми
Овој период обично започнува неколку дена по појавата на првите симптоми, меѓутоа, кај некои пациенти влошувањето на симптомите се јавува само по една недела или две. Симптомите сега вклучуваат секрет на дишните патишта, болки во телото, кивање, течење на носот, болки во грлото и кашлица. Во оваа фаза, која трае два до три дена, ние сме најзаразните.
- Завршна фаза
Во четвртата фаза на настинаката, конечно се гледа крајот. Можеби нема да се чувствуваме 100% закрепнати, но дефинитивно ќе бидеме на вистинскиот пат. Оваа фаза започнува во просек седум до 10 дена по појавата на првите симптоми, но има случаи на настинки кои траат неколку недели, па дури и цел месец, што зависи од видот на вирусот и здравствената состојба на пациентот.
Што можеме да направиме во секоја од фазите?
Иако фазите на обичната настинка се различни, третманот, во суштина, е сличен во секоја од нив. Важно е да му дадете доволно одмор и хидратација на вашето тело. Можеме да земете и природни лекови, како што се мед, чај или лук, но едноставно нема лек за обичната настинка.
Исто така, ќе ви помогнат солени раствори за плакнење на носот, како и инхалатор (користете солен раствор) за да ги ублажите непријатните симптоми до одреден степен.
Повеќето експерти се согласуваат, кога станува збор за обичната настинка, дека најважно е да се фокусирате на превенцијата. Научните студии докажуваат дека физичката активност има позитивен ефект врз имунитетот (може да биде само дневна прошетка). Квалитетниот сон, како и урамнотежената исхрана се исто така клучни.