Дали е нормално да ви пречи дека вашиот сопруг разговара со поранешната сопруга?
Не можете да го избришете своето, ниту минатото на сопругот, без разлика колку и да сакате.
Ако вашиот сопруг е некој што бил во брак пред вас, постои шанса да остане во коректни односи со поранешната сопруга и одвреме-навреме да се слушнат. Вакво нешто е пожелно во случаи кога поранешните сопружници имаат деца, но ако тоа не е случај, дали имате право да се лутите ако одржуваат контакт?
Дали постојат правила за тоа како и за што да разговарате со вашиот поранешен сопружник? Ова е многу трнлив пат, затоа што не сакате да ве гледаат како параноична личност која го спречува вашиот сопруг да слушне со никого, но повторно, не треба ли целата негова љубов и внимание да биде насочена кон вас? Во продолжение ви ги пренесуваме правилата кои е важно да ги воспоставите во вашиот брак, кога станува збор за други жени, вклучувајќи ги и бившите сопруги.
БЕЗ ПРАЌАЊЕ ПОРАКИ ИЛИ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИЦИ СО БИВШИТЕ ЉУБОВИ И ЖЕНИ
Работите што изгледаат невино на првата топка честопати можат да станат нешто друго. Дури и многу општи разговори и пораки може да бидат опасни. Ако поранешните сопружници се врзани за работа, можно е да се посегне по такви работи само ако нема друга опција. Не е тешко да се следат правилата без контакт со луѓе од спротивниот пол со кои некогаш се имало врска или брак, доколку сакате вашиот сегашен брак да успее. Кога сте во брак, сите ваши пријатели од спротивниот пол треба да ви станат заеднички. Дури и ако вашиот сопруг има навистина безопасни и искрени намери, никогаш не можете да знаете какви намери има неговата поранешна партнерка.
НЕ ОБВИНУВАЈТЕ ГО СОПРУГОТ ЗА НЕШТАТА ШТО СЕ СЛУЧИЛЕ ДОЛГО ПРЕД ВАШИОТ БРАК
Ако вашиот сопруг имал долга врска која завршила неславно или веќе бил оженет, нема смисла да го обвинувате за овие настани, особено што тој ве избрал на крајот токму вас. Тешко е да помислите дека вашиот сопруг порано бил во прегратките на друга жена, но се додека се измачувате со неговото сексуално минато, никогаш нема да бидете навистина среќни покрај него. Ако дотичната била во неговиот живот многу пред вас и сега е среќно мажена, а единствените моменти кога се дружат се оние на кои присуствувате и вие, навистина нема причина да барате од него да прекине секаков контакт со неа…
АКО ТАА Е ОНАА КОЈА ГО БАРА И ПРОГОНУВА, СТАВЕТЕ ТОЧКАТА ВЕДНАШ.
Ако поранешната сопруга или поранешната девојка на вашиот сопруг има навика често да испраќа двосмислени пораки до вашиот сопруг, правејќи ви кристално јасно што сака да каже, а тој мисли дека сето тоа е безопасно, имате право да барате да го намали или да исклучи секаков контакт со неа. Само една жена може да знае кои се намерите на друга жена, па затоа ќе треба јасно да му објасните на вашиот сопруг зошто се сомневате во нејзината искреност.