ЖивотУбави совети

Дали ви се потребни сите козметички препарати кои ги имате?

Последното италијанско истражување потврди дека просечната жена секојдневно користи речиси 12 производи за нега на кожата што значи дека на себе става околу 170 различни состојки.

„Кога докторите препишуваат лекови, напоменуваат кои други лекови не смеаат да се комбинираат со препишаните, но тоа не е случај со козметичките препарати бидејќи жените ги купуваат на своја рака. Чудните комбинации на хемиски состојки во кремите и тониците може да ја иритираат кожата и да направат голем проблем.“ – вели д-р. Дона Марчал која го водела ова истражување.

Таа предупредува дека во последно време се поголема е бројката на луѓе со кожни проблеми како егзема, црвенило и акни и затоа мора да се внимава на состојките од кои се направени препаратите кои ги употребуваме за нега на кожата. Избегнувајте ги оние креми кои содржат алкохол, сулфати и парабени. Одбирајте органска козметика и потрудете се да сите препарати кои ги употребувате бидат од истиот бренд доколку навистина се грижите за своето лице. И не мора да трупате производи. Доволни се млеко за чистење, тоник и супер хидратантен крем.

Поврзани статии

Back to top button