Дали вие сте пар од кој му се “лоши” на друштвото?
Постојат некои парови кои прават друштвото во кое се да се чувствува непријатно. Можеби сте и вие таков пар?
Проверете кои навики ги прават здодевните парови додека се во друштво, и зошто е голема веројатноста пријателите да почнат да ги избегуваат:
Убаво да си имате прекари по кои ќе се викате со партнерот, но тоа нека остане само во вашите четири ѕида, бидејќи на вашите пријатели не им е слатко ниту им е пријатно кога си гугуткате и се лигавите во нивно присусто.
Одговарате на се во множина. Повеќето парови го прават тоа несвесно, особено ако живеат заедно. Вашите пријатели почнува да ги вознемируваат тоа, бидејќи тие се чувствуваат како да сте го изгубиле вашиот идентитет пред нив.
Вие постојано разменувате нежности додека сте во друштво. Кога сте во врска, тогаш е тешко да се контролираат емоциите, но обидете се да гинамалите вашите страсти додека сте со пријателите. Ако премногу се милувате и бакнувате пред други луѓе, тие ќе бидат засрамени и ќе бараат можност да ве избегнат во иднина.