ЖивотУбави совети

Дали вашиот партнер прави да бидете депресивни? Дали врската е деструктивна?

Ако често не сте задоволни од вашиот партнер, ако се чувствувате непријатно, ако сте под стрес и се чувствувате исцрпени, тоа се првите знаци на деструктивна врска. Посебен проблем се јавува кога после долго време поминато во таква деструктивна ситуација, станувате депресивни, и често мислите дека проблемот е во вас, и токму тоа води до уште подлабока депресија. Обидете се да се ослободите од стравот од осаменост и емоционална зависност што често може да ве задржува во овој однос. Ако препознаете неколку индикатори дека вашиот пратнер и вашата врска е депресивна, наш совет е да се излезете од тој темен круг што поскоро.

Се чувствувате како тој да има власт над вас и дека не можете да му се спротиставите.

Тој постојано ве критикува и поради тоа ја губите самодовербата.

Ако тврди дека е секогаш во право и ако за него апсолутната вистина е само она што тој мисли дека е вистина.

Тој ви кажува жто да правите и што е правилно да мислите.

Ве уценува, или да е како он што ќе каже или да раскинете.

Доколку се фаќате себе си дека правите работи кои тој ги сака само за да избегнете расправии.

Секогаш наоѓа причини за кавги.

Ве убедува дека тој е најдоброто нешто што ви се случило во животот.

Секогаш сте тука за него, а тој ретко е тука кога ви е потребен.

Поврзани статии

Back to top button