ЖивотУбави совети

Грешки кои ги прават оние кои изневерувале во брак кога сакаат да ги поправат работите по афера

Да измамиш некој кој безусловно верувал во тебе и ти го дал своето срце на дланка, е навистина најтешкото злосторство од сите злосторства.

Меѓутоа, ако навистина жалите за аферата што сте ја имале и сакате не само да се откупите во очите на вашиот сопруг, туку и да го поправите вашиот брак, во смисла дека никогаш не сакате друг маж освен вашиот сопруг, навистина имате многу работа пред себе.. Закрепнувањето по афера може да трае со години.

Колку и да сакате да викате од се срце: „Жал ми е, никогаш повеќе нема да го повторам тоа“, ќе биде потребно многу повеќе од вашето извинување и ветување. Потребни се дела, а за да имаат ефект важно е да ги избегнете грешките кои ви ги откриваме во продолжение.

НАВИСТИНА НЕ ВИ Е ЖАЛ ШТО СЕ СЛУЧИ АФЕРАТА

Има многу кои ги изневерувале своите партнери и кои подоцна признале дека им е жал што ги повредиле, но дека не им е жал што се случила аферата. Ако на кој било начин можете да ја оправдате вашата измама, тоа е знак дека сте поблиску до развод отколку до опоравување. Ако искрено не се покаеш за своите постапки, сметајќи ги како многу погрешни, твојот сопруг нема да добие слика дека сериозно сакаш да го спасиш бракот.

ЧУВАЊЕ НА ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА АФЕРАТА САМО ЗА СЕБЕ

Откривањето работи за аферата е застрашувачки процес, но една од најголемите грешки што можете да ја направите е да ги чувате важните информации за себе. Не откривањето на вистината, за да не биде дополнително повреден вашиот сопружник, е начин да се залажете. Веќе е повреден и вие го знаете тоа многу добро. Можеби мислите дека излишните детали ќе го оддалечат уште повеќе од вас, но „контролирањето“ на вистината не е начин да се спаси бракот. Ако мисли дека нешто криете од него, како може да ви верува?

ПРИМЕНА НА ПОГОВОРКАТА „НАПАДОТ Е НАЈДОБРА ОДБРАНА“

Иако ова може да биде вистина, ова не е ситуација во која треба да се поставите на тој начин. Ова е време кога треба да бидете понизни, искрени, сочувствителни и емотивно достапни. Во никој случај не смеете да зборувате зборови што може да го натераат вашиот сопруг да мисли дека е виновен за вашата афера. Дури и ако не сте се согласувале во последно време, ако сте имале тежок период, вие сте единствената личност одговорна за вашите постапки.

ДОГОВОР ЗА ПОМИРУВАЊЕ ВЕДНАШ ПО АФЕРАТА

Нешто како скокање од еден врел камен на друг. Тоа е нешто што не функционира. Сè околу вас е вознемирено и сакате само страстите да стивнат, но тоа не е можно преку ноќ. Пред се, кога ќе ја открие вашата афера, важно е да си го поставите прашањето – дали сакам да се борам за мојот брак? Ако тоа не е она што искрено го сакате, повторно ќе го скршите неговото срце. Треба да си дадете време себеси и нему и да ја разгледате ситуацијата.

ОДБРАНА НА ЛИЦЕТО СО КОЕ СТЕ ЈА ИМАЛЕ АФЕРАТА

Можеби ќе се земе здраво за готово, но секако ќе нагласиме – важно е на ниту еден начин да не застанете во одбрана на друг маж пред вашиот сопруг. Нема сомнеж дека вашиот сопруг ќе ги има само најлошите зборови упатени до личноста со која сте го изневерувале, бидејќи полесно му е да му се налути нему отколку на вас. Ако го браните, автоматски го изневерувате сопругот (повторно) и тој може да заклучи дека нема причина да продолжи да се бори за вас.

Поврзани статии

Back to top button