Убави книги и филмови

Време е за добра книга!

Книгите имаат волшебна моќ!

Нé запознаваат со нечии судбини, не тераат да ја разбудиме имагинацијата, да се насмееме, да поплачеме, да сонуваме!

Избравме три книги кои ќе го привлечат вашето внимание!

И планините одекнаа  –  Халед Хосеини 

Роман со неколку приказни и испреплетени емоции од љубов, тага, болка… Хосеини ве соочува со реалноста од која некогаш колку и да сакаме не можеме да избегаме. „И планините одекнаа“ стана бестселер за рекордно време, благодарение на славата што овој автор ја стекна со своите две претходни книги „Ловец на змејови“ и „Илјада неверојатни сонца“.

„Година на магичното размислување“ – Џоан Дидион

Една писателка ја отвора душата и раскажува што преживеала по смртта на нејзиниот сопруг. Како да се носиш со загубата? Каде да се најде утеха? Што кога едниот од целината „ние“ веќе го нема? Книга која ќе ве натера да пуштите и по некоја солза…

„Римската љубовница“ – Кејт Квин

За оние кои сакаат книги со историски детали, ова е вистински избор. Романот ја следи приказната за една убава Еврејка, која од робинка станува љубовница на римскиот владетел. Книга исполнета со борби за преживување, слобода, страст, моќ и една жена за која се води најголемата битка.

 

Поврзани статии

Back to top button