Убави вести
Во оваа земја вистинските пријателства се ретки…
Иако често освојува водечки позиции на различни листи, една скандинавска земја сега стекна лоша репутација: таа е земја во која најтешко се склопуваат пријателства.
Станува збор за Шведска. Во една неодамна спроведена студија во кој учествувале 12500 доселеници се утврдил овој заклучок. Тие одговорале на прашања поврзани со нивниот живот, кариера, пријателски и романтични врски.
Испитанците ги оцениле Швеѓаните како студени, а доселениците како чудни, па нивните одговори овој пат Шведска ја означија како земја каде пријателствата се речиси невозможни.