Во кои бои треба да биде уредена спалната соба?
Спалната соба е најважиот дел од домот, бидејќи во неа ја обновуваме енергијата. Дали преку спиење, одмарање глава од напорниот ден или преку читање, сеедно, во неа треба да се чувствуваме најсмирено.
Важно е собата да е средена бидејќи треба да не наполни со позитивна енергија. Се што не ви е потребно, со години што го немате употребено а го чувате за случајно да не ви се најде некогаш, веднаш извадете го од спалната соба. Старите и непотребни предмети се вели дека шират негативна енергија.
Боите на ѕидовите во спалната соба, постелината и завесите се многу поважни отколку што ви изгледа. Секогаш гледајте белата боја да преовладува. Употребувајте пастелни и природни бои кога го реновирате и декоритате овој дел од домот. Пастелно жолтата, плавата, розовата, сивата, кафената и зелената одлично влијаат врз психичката состојба.
Не купувајте постелини во многу бои и со впечатливи дезени, оти се вели дека јаките бои предивикуваат расправии и го зголемуваат адреналинот. Едноставите и еднобојни завеси, прекривки и перничиња нудат спокојство и загарантирана релаксација. Погледнете ги фотографиите кои ги одбравме за вас, ќе се уверите дека убавината е во едноставноста!