Убави вести

Во Битола ќе се одржи 19-тиот Интернационален фестивал на монодрама

19-тиот по ред, Интернационален фестивал на монодрама Битола, започнува на 5 мај и ќе трае до 9 мај. На фестивалот, кој е од натпреварувачки карактер, учество ќе земат монодрами од повеќе земји меѓу кои: Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Брачна игра“ на авторот Едвард Олби. Режијата е на Тони Михајловски, а играат Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

Наградата Гран-при ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се: актерот и професор Атила Клинче, театрологот Нина Мазур од Германија, актерката Паулет Смит од Холандија, Игор Џамбазов и претседателот на жирито, драматургот, професор и колумнист Емре Ердем од Турција.

Селектор на фестивалот е актерот Петар Мирчевски.

Фестивалот ќе биде затворен со Концертот на театарска музика на композиторот Горан Трајковски, насловен „На светов убавина“.

Картите се веќе пуштени во продажба на билетарата на Центарот за култура.

И оваа година, Министерството за култура го поддржа Фестивалот на монодрама Битола.

Поврзани статии

Back to top button