Војничка диета – за три дена до 10 килограми
Некои замени се дозволени – на пример, замена на еден вид овошје за друг или леќа наместо месо, но сите оброци мора да бидат внесени.
Не смеете да користите какви било дополнителни масти, а дозволено се сенф, зачини, сок од лимон и засладувачи без калории. Единствените препорачани пијалоци се вода, црно кафе и чај.
Оваа војничка исхрана трае 3 дена. За време на диетата ќе согорувате масти, ќе се чувствувате енергично и вашиот метаболизам ќе биде забрзан. Пред да ја повторите диетата, треба да направите пауза од 4 дена.
ДЕН 1
Појадок
½ грејпфрут
1 парче тостиран леб
2 лажици путер од кикирики
1 чаша кафе или чај (со кофеин)
Ручек
½ чаша туна
1 парче тостиран леб
1 чаша кафе или чај (со кофеин)
Вечера
100 гр било какво месо, 1 порција боранија и 1 банани или 1 мало јаболко или 1 чаша сладолед од ванила.
ДЕН 2
Појадок
1 јајце
1 парче тостиран леб
½ банана
Ручек
1 чаша кравјо сирење
1 тврдо варено јајце
5 солени крекери
Вечера
2 виршли
1 чаша брокула
½ чаша моркови
½ банана
½ чаша сладолед од ванила
ДЕН 3
Појадок
5 солени крекери
1 парче сирење
1 помало јаболко
Ручек
1 тврдо варено јајца
1 парче тостиран леб
Вечера
½ чаша туна
½ банана
1 шолја сладолед од ванила
Треба да вежбате за време на ова војничката диета, и сите вежби треба да се направат според вашето моментално ниво на активност.
Физички неактивните луѓе не треба да користат исти вежби со исто темпо како оние кои се активни. Тие треба да одат повеќе.
Луѓето кои се активни треба да бидат што е можно повеќе активни тие три дена, да практикуваат одење, пливање, трчање, планинарење, прескокнување на јаже и други вежби кои се одлични за губење на тежината.
Многу луѓе кои сакаат да бидат на диета се привлечени од едноставноста на овој план, бидејќи сите јадења се евтини и лесно се подготвуваат.