Од насУбави муабети

Возрасните се здодевни, децата го движат светот!

Се трудам постојано да го одржувам во живот детето во мене. Можеби на моменти сум наивна, изгледам смешно во очите на другите, се смеам на глупости, обожавам да ги гледам Том и Џери, ама детското во мојата душа е единствено нешто недопрено од злобниот свет околу мене.

Петар Пан не сакаше да порасне. И со право! Познавате ли некој возрасен кој се радува на оние нешта на кои се радуваат децата како трчање без цел, балони од сапуница, смешна фаца? Возрасните се здодевни, дремат по шалтери, секоја мала пречка е проблем, се нервираат со бројки и податоци, забораваат да јадат, да се гушкаат, да сакаат…

Возрасните сонуваат за нов автомобил. Децата за пат околу светот.

Големите сонуваат за бизнис за кој немаат пари за инвестиција. Малите за шеќерна волна, шарени балони и кутија чоколадни бонбони.

Возрасните сонуваат да им се случи љубов. Децата не сонуваат за тоа, оти самите се љубов.

И ако не ве затрујат општествените норми на однесување, потрудете се да го чувате детето во себе. Еден ден човек ќе сфати дека тоа е најчистото, најнежното, истовремено и најмоќното парче од неговата душа.

Поврзани статии

Back to top button