ЖивотУбави совети

Вода за бебињата, голема дилема?! Ајде да ја решиме!

Постојат дилеми и табу теми кои мора да бидат решени, сепак сме 21 век. И покрај бројните обиди за решавање на прашањето еднаш за секогаш дали на бебето му е потребна вода кога е период за хранење само и исклучиво со млеко, таа тема и понатаму останува еден од најчесто поставуваните прашања. Зошто?

Модерно време: огромен број на направени студии огромен број на пишан материјал и долги и опсежни дискусии и работилници. Водата е есенцијално нешто во животот на еден човек. Човековото тело е 88% вода. Се почнува од тука дека таа е неопходно нешто, но дали е потребна кај бебињата и кога? Иако во пракса постојат различни ставови кај сите педијатри, официјалниот став на најеминентните педијатриски здруженија секако засновани  врз основа на бројни добро поткрепени студии, јасно е дека водата не е потребна на бебето во првите 6 месеци, или се додека не почне да се конзумира немлечна исхрана. Препораката се однесува на сите здрави бебиња, без разлика дали тие се хранат со мајчино млеко или адаптирана формула, бидејќи процентот на вода е  околу 88%. Не е потребно давање на вода, но тоа не значи дека е опасно давањето на водата. Вода можеме да даваме слободно, но не пред доење и да биде меѓу оброците. Многу е важно и каква вода давате на вашето бебенце. Водата првично треба да биде микробиолошки и биохемиски исправна, па според тоа доаѓа во предвид само флаширана вода по можност оние кои се наменети за бебињата, бидејќи содржината на минерали одговара на нивните потреби (пред се поради ниската содржина на натриум), кога зборуваме за вода од чешма, потребно е да се преврие пред употреба (минимум 5 минути). Во водата не смеете да  додавате ништо и да е без шеќер, без сок, без лимон. Што да правите ако вашето бебе не му се допаѓа и одбива да ја  пие водата? Многу едноставно, престанете да му нудите! И сега да ја објасниме целата оваа недоумица преку одредени примери. На пример имаме нешто поинаква ситуација кај бебиња чии семејствата поради лошата социо-економска состојба во исхраната мора да воведат кравјо млеко – тогаш е потребно да се подготви оброк кој содржи две третини од кравјото млеко, односно се подготвува така што  1/3 од оброкот треба да биде вода, 2/3 кравјо млеко. Морам да истакнам дека би било подобро ако оваа вода ја прими то ест испие мајката бебето и сето тоа се претвори во  млеко, бидејќи тогаш на природен начин бебето има идеална исхрана: природно помешана вода и млеко дадени преку мајчиното млек. Ако употребувате адаптирана млечна  формула и таа се подготвува со флаширана вода, тогаш не е неопходно да се изврива водата, но по отворањето на таа флаширана вода  треба да се чува во фрижидер, за да се икористи за следниот оброк. Исто така е важно да бидете сигурни дека шишенцата кои ги користите за давање млеко мора да се мијат темелно, а потоа и адаптираната формула треба да се чува во оригиналното пакување, на начин кој е назначен од страна на  производителот. Колку за ваша информација потребни се строги хигиенски мерки, рацете и приборот мора секогаш да ви бидат темелно и редовно чисти и стерилизирани. Кога ќе почнете со воведување на немлечна  храна т.е храна која е цврста, почнете редовно да нудите вода на бебето помеѓу оброци, повторно без никакви адитиви. Исто така треба да знаете дека оброците за бебињата треба да се подготвени без шеќер и сол, но сепак нудете му на детето вода без разлика дали е заинтересирано или не. Бидете доследни и пробајте да не понудите сок од тетрапак, бидејќи се смета за  штетна навика и тогаш бебето секогаш ќе сака да избере сок отколку вода. И како за крај слободно давајте вода ,чајче и кога ќе потпорасне бебето дадете и сок но здрави се само свежо исцедените сокови. Водата е колевка на животот и нешто есенцијално за човечкиот и бебешкиот организам.

Д-р Ангелчо Андоновски

 

Поврзани статии

Back to top button