ЖивотУбави совети

Внимателно со овошните сокови!

Истражувања покажале дека земањето на некои лекови со овошен сок значително ја намалува нивната ефикасност. Се претпоставува дека одговорните флавоноиди (соединенија кои инаку се многу корисни за здравјето) ги блокираат ензимите во организмот одговорни за апсорпција на лекови во крвотокот. Научниците од Универзитетот во Западен Онтарио го откриле негативниот ефект на консумирање сокови од грејпфрут, портокал и јаболко за време на земањето на лекови.

Особено, ова треба да го земат во предвид лицата кои користат антихистаминици, контрацептивни таблети, антимикробни лекови и бензодиазепини, како и лекови за намалување на нивото на масти во крвта. Сокот од грејпфрут ја зголемува концентрацијата на некои лекови во крвта за потенцијално токсични вредности, и се покажало дека ова се однесува на речиси 50 лекови. Сепак, треба да се има на ум дека негативниот ефект на овошните сокови врз апсорпцијата на лековите трае до четири часа, така што луѓето кои земаат некоја терапија може да ги консумираат во одредено време.

Поврзани статии

Back to top button