ЖивотУбави совети

Вкус кој ќе ве освои – пилешко со сос од кикирики!

За денес подгответе вкусно пилешко месо со сос од кикирики. Нека ужива целото семејство! Рецепт во продолжение:

Потребни состојки: (за 4 лица): 800 гр пилешко филе, 1 лажица вегета или сол, сончогледово масло.

За прелив: 100 гр непечени кикирики, 2 лажици кари, 2 лажици соја сос.

Подготовка: Кикириките ставете ги во чиста кујнска крпа и искршете ги со кујнски чекан. Истурете ги мелените кикиритки во помал сад, потоа додадете соја сос и кари и сè убаво измешајте.
Пилешките филети посипете ги со вегета и посолете ги и потоа ставете ги во тавче подмачкано со масло. Секое филе посипете го со претходно подготвениот прелив и печете во рерна околу 15-20 минути на 220 степени.
Послужете го топло, а како прилог можете да подготвите варен ориз или компир.

Совет плус од нутриционистите: Живинското месо е идеално за постигнување витка линија бидејќи содржи низок процент на масти и холестерол, и многу животински протеини кои го активираат согорувањето на мастите и на тој начин помагаат да се губат вишокот килограми.

Поврзани статии

Back to top button