ЖивотУбави совети

3 вкусни салати со три состојки

Ви нудиме рецепти за салати со три главни состојки и вкусни зачини. Пробајте ги уште денес.

Салата со домати, фета и магдонос

Исечете неколку домати и сирењето на кругови. Настрана направете прелив за салатата од маслиново масло, сушено нане, малку црн бибер и копар. Наредете ги доматите и сирењето во чинија, додајте го магдоносот, па ставете го преливот.

Брокула салата со кубети и кисели краставички

Обарете ја брокулата и оставете ја да се излади. Потоа, исецкајте ја на ситни парчиња и ставете ја во голем сад заедно со кубетите и ситно сецканите кисели краставички. Направете прелив за салатата така што во еден мал длабок сак ќе измешате вегета, маслиново масло, босилок и мелен ким. Ставете го преливот и уживајте во оваа вкусна салата.

Салата со пченка, павлака и варен компир

Во сад ствете ја пченката и ренданите компири кои претходно сте ги свариле. Додадете ја павлаката и добро измешајте. Ставете сол, црн бибер, маслиново масло, оригано и малку мелено оревче. Измешајте добро!

Поврзани статии

Back to top button