ЖивотУбави совети

Вкусна салата која може да замени ручек

Предлог ручек за денес: Салата со леб и туна.

Потребни состојки: 1 кромид, 400гр леб, 4 домати, 1 краставица, лук, целер, 150гр туна од конзерва, зелена салата, 20 црни маслинки, лимон, босилек, масло, сол и црн пипер.

Лебот исечете го на тенки кришки и потпечете го од двете страни. Лукот и патлиџанот исечкајте ги на коцки. Излупете ја краставицата и сечкајте ја на мали парчиња, исто како и целерот. Кромидот крупно исечете го, а маслинките на половинки. Исцедете ја туната и раздробете ја.

Исцедете го лимонот, измешајте го со сокот кој го пуштиле доматите заедно со 5 лажици маслиново масло, исечканиот босилек, солта и црниот пипер.

Сите состојки ставете ги во сад за салата и зачинете ги со сосот. Декорирајте со листовите од зелената салата и оставете ја салатата да отстои половина час пред да ја сервирате.

Поврзани статии

Back to top button