ЖивотУбави совети
Вкусна салата која заменува ручек
За денес ви нудиме предлог рецепт за салата која е вкусна, се приготвува веднаш, а и добро ќе ве најаде!
За четири лица, потребни ви се:
3 големи компири,
300 гр. рендано сирење,
200 гр. сецкана сланина
неколку кисели краставички,
неколку лажици пченка,
неколку лажици грашок,
маслиново масло,
црна бибер,
сол,
мелен ким
Компирите сварете ги, па изренадајте ги. Помешајте ги сите состојки заедно, па додадете ги зачините. По желба, може да додадете марула или павлака.