ЖивотУбави совети

Вкусен колач со сос од вишни!

Потребни состојки: 3 јајца, 125 гр шеќер, 150 гр брашно, 20 гр какао, 100 гр ореви, 0,5 л слатка павлака, 350 гр темно чоколадо, масло, 300 гр цреши и 50 гр густин.

Подготовка: Од јајцата, шеќерот, брашното, какаото и оревите направете бисквит кој се пече 15 минути на 200 степени.

За преливот потребно е да се стопи чоколадото и да се додаде во изматениот сладок крем, преливајќи го бисквитот со оваа мешавина. Кога филот ќе се олади и зацврсти, се додава глазура од чоколадо. Глазурата направете ја од 150 гр темно чоколадо, на кое ќе додадете 1 дл масло.

Колачот може да се сервира со додатоци од разни овошки, а можеби најдобро одговара со сос од вишни: cварете 300 гр вишни, 50 гр густин и 3 дл вода, оставете да се излади и послужете.

Поврзани статии

Back to top button