Вкусен колач со банани и кокосово брашно
Подгответе колач со уникатен вкус и измамете насмевка на лицето кај вашите сакани!
Состојки:
200гр шеќер во прав
150гр кокосово брашно
150гр брашно
80гр путер
3 јајца
1 лимон
3 банани
1 ванилин шеќер
Половина прашок за печиво
Малку сол
Прво разматете го путерот со миксер, додајте ги јајцата и шеќерот и матете додека не добиете пенаста смеса. Потоа полека додавајте го брашното измешано со прашокот за пециво, солта и шеќерт од ванила. Изматете ја смесата за убаво да се соедини. Ставете ја смесата на плех кој претходно ќе го обложите со хартија за печење и ставете во фриз околу 15минути. Во загреана рерна на 180 степени веднаш од кога ќе го извадите од фриз печете го колачот 20 минути, додека да добие убава боја. Оставете го да се олади, а во меѓувреме исечкајте ги бананите на тркалца, измашајте ги со сок од половина лимон, исцедете ги и наредете ги врз печениот колач. Вратете го колачот во рерна да се допече уште 20 минути, па оставете го да се излади. Сечете го на коцки, попрскајте го со шеќер во прав и декорирајте го со тркалца свежи банани кои предходно ќе ги потопите во сок од лимон.