ЖивотУбави совети
Витаминска салата – вкус кој ќе ви стане омилен!
Спанаќ, кромид и портокали – салата која е полна витамини. Салата која ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Салата од кромид и портокал
Состојки:
– половина кромид (бел или црвен)
– сок од 1 портокал
– 2 портокали исечкани на парчиња
– 2 лажици црвено вино
– 4 лажици маслиново масло
– 1⁄2 лажица сечкан лист свеж рузмарин
– 1⁄2 лажичка морска сол
– бибер по желба
– 300 грама спанаќ
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки освен спанаќот. Оставете ја салатата да отстои еден час, а потоа додадете го спанаќот и промешајте. Пријатно!