Велигденски мафини на секоја трпеза!
Подгответе мафини и декорирајте ги со велигденски мотиви за на трпезата да создадете вистинска празнична атмосфера! Во продолжение вкусен рецепт за мафини и слики кои ќе ве мотивираат како да ги декорирате велигденските мафини на оргинален начин!
Мафини со лимон и мак. Потребни состојки: 2 јајца, 250мл кисела павлака, 125мл млеко, 60мл масло, 100гр мед, 3 лажици мак, рендана кора од еден лимон, 300гр брашно, лажичка прашок за печиво, лажица сок од лимон и 150г шеќер во прав.
Подготовка: сматете ги јајцата, киселата павлака, млекото, маслото, макот, медот и лимоновата кора. Додадете брашно измешано со прашокот за пециво и полека измешајте го. Во намастени калапи печете на 180 степени од 25 до 30 минути. Извадете ги од модлите и оставете ги да се оладат. За тоа време измешајте ги сокот од лимонот и шеќерот во прав и премечкајте ги изладените мафини.