ЖивотУбави совети

Вегански чоколаден пудинг – за оние кои внимаваат на килограмите!

За денеска одвоивме здрав, вегански рецепт за пудинг од чоколадо!

Она што ќе ве натера да се заубите во овој рецепт е фактот дека е многу лесен за подготовка, и не треба да се грижите за внесот на калории.

Потребни состојки:

3/4 чаша овесна каша
1/3 чаша јаворов сируп
2 1/4 чаши кокосово млеко (може да биде кое било друго растително млеко, по вкус)
1/4 чаша какао во прав

  1. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте околу една минута.
  2. Истурете ја смесата во шерпа и загрејте на среден оган. Гответе го пудингот околу две минути, постојано мешајќи.
  3. Кога смесата ќе почне да се згуснува, намалете го огнот и варете уште три минути, мешајќи постојано.
  4. По готвењето, пудингот веќе ќе биде многу густ, а за целосно уживање, пред сервирање, ставете го во фрижидер еден час.

Поврзани статии

Back to top button