Вашиот бивши има нова девојка а не поминаа ниту месец дена од како раскинавте?
Вашиот бивши има нова девојка а не поминаа ниту месец дена од како раскинавте? Лути сте, разочарани и депресивни, но не смеете премногу да очајувате и да им се препуштите на негативните мисли. Во продолжение се фазите кои мора да ги поминете.
Шок – Без оглед на тоа дали сте дознале преку социјалните мрежи или преку заеднички пријатели, вашиот свет ќе застане за неколку секунди и ќе заборавите каде сте. Откако ќе си дојдете на себе, ќе го повикате најдобриот пријател и ќе закажете кафе за половина час.
Љубопитност – По првичниот шок, таен агент настапува на сцена. Која е таа? Како изгледа? Дали е подобра од тебе? Колку долго биле заедно? Дали ме измами со неа? Речиси 1.000 прашања, и речиси и да нема одговор. Иако ниедна жена не може да се спротивстави на оваа фаза, нашата должност е да ве предупредиме дека со тоа се враќате неколку чекори назад во минатото, што не води никаде и не е решение.
Нервирање – Како можел да најде друга толку брзо? Не мисли повеќе на мене? Повторно безброј прашања, и нема одговор. И оваа фаза е нормална, бидејќи никој не сака да му биде повредено егото, но ако е за утеха, ќе помине и понатака ќе се чувствувате многу подобро од денес … и утре …