Ваков партнер не заслужува ни минута од вашето време да трошите со него!
Доколку сте во врска со ваков партнер што побрзо прекинете ја, оти таа е штетна за вашето здравје, вашиот успех и среќа. Дали тој се смее на вашите соништа? Можеби не директно во лице, но ако имате партнер кој ве уверува дека повеќето од вашите идеи едноставно немаат шанса за реализација, многу е веројатно дека е алергичен на вашата среќа. Можеби тој не сака да бидете поуспешна од него и на секој можен начин ќе гледа да ве саботира. Тој ве ограничува? Вистинскиот маж и дава крилја на својата партнерка и ја охрабрува да биде колку што е можно подобара и поуспешна. Но, ако вашиот партнер ви ги крши крилјата и ако не се чувствувате удобно во својата кожа, треба да се збогувате со него. Постојано ве споредува? Со неговите колешки, вашите пријателки и роднини. Вели дека се подобри, поспособни и поуспешни од вас? Тој е покрај вас за да ве мотивира а не да ве депримира. Во никој случај не трпете врз себе туѓи фрустрации. За секое грнче има соодветно капаче. Не очајувајте, подобро да бидете сами отколку во негативна врска која ви ги крши крилјата!