Брз и лесен рецепт за сладок десерт!
Потребни состојки: 4 јајца, рендана кора од три лимони, сок од 1 лимон, 80гр лешници, 120гр шеќер во прав, 1,5 дл слатка павлака, 15гр брашно и малку сол.
Подготовка: Изматете ги жолчките во еден сад со 75гр шеќер и сокот и кората од од 2 лимони. Белките изматете ги во цврст снег со малку сол. На крајот од матењето додајте 25гр шеќер. Во смесата од жолчките ставете ги брашното и половината исечкани лешници, а потоа и снегот од белки. Добиената смеса сипете ја во тава со дименцзии 33×22 цм, претходно прекриена со масна хартија. Израмнете ја површината и печете го тестото 20-25 минути во загреана рерна. Испеченото тесто префрлете го врз влажна крпа, отстранете ја масната хартија и посипете го со останатите исечкани лешници. Покријте го тестото со влажна крпа и оставете го да се олади. Тргнете ја крпата. Изматете ја павлаката со 10гр шеќер и останатата кора од лимон и со неа премачкајте го тестото. Завиткајте го тестото во ролат и посипете го со шеќер во прав.