ЖивотУбави совети

Босоноги деца = здрав имунитет!

Современите руски научници докажале дека одењето со боси нозе го нормализира и стабилизира крвниот притисок и ги подобрува оксидативните процеси во организмот, особено снабдувањето на ткивата со кислоорд.

Стапалата се најмоќните рефлексни зони на човековото тело. На табаните има повеќе рецептори отколку на кој било дел од кожата. При одење со боси нозе активноста на тие рецептори се зголемува и се будат биолошките активни точки. А бидејќи секоја од тие точки е поврзана со одреден внатрешен орган, на тој начин се стимулира работата на сите внатрешни органи и на целиот систем на организмот.

Со одење со обувки на нозете им се обезбедува константна микроклима, поради што се намалува функцијата на биолошките активни точки. Поради таквите постојани, топли услови, дури и краткотрајно ладење на нозете може да доведе до настинка. Од друга страна босоногото одење им ги враќа на нозете природните услови, ги челичи и благотворно дејствува на целиот организам.

Русите ова челичење го практикуваат особено кај децата, оти организмот се челичи и јакне додека е млад.

И лете и зиме! Почнете да одите боси по 15 минути, постепено зголемувајте ги босоногите прошетки на 30 минути на ден. На лето можете да ризикувате и боси да шетате по топли бари, а на зима боси да трчате две-три минути на снег.

Поврзани статии

Back to top button