МодаУбави совети

Блузите и кошулите кои се задолжителни во секој плакар

Секоја дама во плакарот би требало да има неколку убави, едноставни и квалитетни блузи и кошули кои ќе ја извадат од добро познатата ситуација кога мисли дека нема што да облече. Одбријате квалиеттни материјали и интересни кроеви кои ќе ја доловат вашата женственост.

Блуза на преклоп

Ваквото парче облека искомбинирано со класични панталони во потемна нијанса е совршен избор за на работа. Може да го комбинирате со фармерки за поопуштен изглед, на пример за излегување на кафе или ручек, па и за на работа доколку на вашето работно место нема официјален дрес-код. Во комбинација со здолниште пак, може да биде прав погодок за вечерните излегувања!

Лелеава кошула 

Ваквиот модел е задолжителен во секој плакар. Во зависност од тоа како ќе ја искомбинирате таа може да биде вистинското парче облека и за работа, но и за излегување. За на работа, комбинирајте ја со панталони и дискретен накит, а за излегување со фармерки и масивен накит.

Невообичаена блуза

Имајте една блуза со специфичен детаљ или невообичаен крој која ќе ви биде првиот избор за важни средби како деловен состанок или излегување со новиот партнер. Ваквиот модел задолжително комбинирајте го со цевка панталони кои нема да го одземаат вниманието.

Пеплум блуза

Овој модел е актуелен веќе неколку години наназад. Им стои добро и на полничките дами затоа што усшено го прикрива стомакот. Облечен под сакото ќе ви даде доза на елеганција во деловниот изглед, а искомбиниран со накит е одличен избор за излегување.

Поврзани статии

Back to top button