ЖивотУбави совети
Бикините нека не бидат долго мокри или влажни
Во текот на летото и летните одмори многу жени влошките ги заменуваат со тампони како би можеле да уживаат во пливањето и сончањето. Факт е дека многу поедноставно е користењето на тампони на овие големи температури, но мора да внимавате. Ќе ве потсетиме на важни работи и на тоа како правилно се користат тампоните.
Најважно е да ги менувате многу често. На три часа треба да го промените тампонот, но, додека сте на одмор мора по секое излегување од вода да го менувате. Доколку имате вагинална инфекција или некакво воспаление на бешиката пред употреба намачкајте го со кантарион или со канестен.
Долниот дел од бикините не дозволувајте долго време да биде на вас мокар или влажен!