Од насУбави муабети

Бидете ѕвезда на сопствениот живот!

Дали се наградувате кога ќе постигнете нешто за што напорно сте работеле и успешно сте го завршиле?

Дали застанувате, си честитате, се гордеете сами со себе?

Дали се почестувате себеси, си подарувате нешто ситно, момент на мир или што би му подариле на некој близок во слична ситуација, за личен успех?

Или само штиклирате во вашата глава дека и вие сте го направиле тоа и дозволувате машината да продолжи да ве меле, без одмор, без награда.

Не дозволувајте вашите успеси да се земаат здраво за готово и вашата напорна работа здраво за готово.

Кога ќе почувствувате дека заслужувате да бидете ѕвезда на сопствениот живот, блеснете во полн сјај на црвениот тепих, дури и ако тој е во вашата дневна соба.

Поврзани статии

Back to top button