МодаУбави совети

Бидете тренди ова лето!

Популарните модни блогерки ги обожаваат, а продавниците ги нудат како еден од најфаворизираните модели за оваа година!

Сандалите на полна пета се хит и ова лето и доколку сте вљубена во модните трендови задолжително мора да да имате барем еден пар.

Совршени се во комбинација со лелеави бохо фустани, со тесни фармерки и маичка со штосен принт или пак со кратки и припиени фустанчиња. Може да ги комбинирате и со плисирани здолништа и тесни маички. Она што е најдобро од се е тоа што ги издолжуваат нозете. А, нема жена која не посакува подолги нозе!

Па, кој модел на садали на полна пета ќе биде ваш фаворит оваа сезона?

Поврзани статии

Back to top button