Бившиот треба да остане бивши засекогаш!
Ако не сте биле во оваа ситуација, сигурно имате барем една пријателка која се нашла во период кога настапило искушението или се смирила со поранешниот дечко. Обично жените размислуваат за тоа кога се разочарани, тажни и осамени, па им треба некој кој ги познава, а тоа го прават со тоа што веруваат дека сè ќе биде различно и подобро.
Според резултатите од бројни истражувања, токму вербата дека однесувањето ќе е променето не тера да им се вратиме на бившите и залудно да се надеваме.
Се разбира, во повеќето случаи, ни малку немало промена и покрај фактот што не се случила промана ние сме спремини да се убедуваме сами себе си дека нешто се сменило и тргнало на подобро.
Истражувачите откриле дека повеќе од 50 проценти од паровите се смируваат по пауза. Најчестите мотиви за прекинувањето се емоционалното оддалечување, губењето на довербата, огромните разлики во карактерот и одбивноста. Без оглед на силата на мотивот, дури 50 проценти од луѓето имаат двојно чувство кога станува збор за прекинување на врската.
Со верувањето дека партнерот ќе се промени, другите чести причини за враќање на бившите се стравот од осаменост и чувство на зависност. Бившите со причина се бивши, и треба да останат таму!