„Бела и Зборко“, илустриран роман за деца кој ги покажува различностите околу нас
„Бела и Зборко“ е нова илустрирана книга за деца од авторот Душко
Трифуновски, кој пред две недели ја промовираше книгата „Слана и
Јазол“. Трифуновски, како што вели, повторно се има вратено во детството создавајки ја приказната за „непријателство“ помеѓу мачкатата и птицата (папагалот).
Книгата се смета за инвентивна, модерна басна, интересна и оригинална, која со многу енергија, полетност и радост ја плете
приказната за првичното „непријателство“ помеѓу мачкатата и птицата (папагалот) – двете домашни миленичиња, за на крајот, преку градација да заврши со пријателство, што претставува и поука за најмалите.
Секое дете учи дека не постојат разлики помеѓу неговите врсници,
ниту според вера, раса или боја, па токму тие воспитни цели се опфатени и постигнати во оваа книга-сликовница. Книгата е илустрирана во сооднос со текстот и отвора простор за развој на интересот кај децата.
Оваа книга е метафорички приказ на различностите кои се дел од
сечие секојдневие, претставено преку ликовите – мачката Бела и папагалот Зборко. Делото, како модерна басна успева на животните да им отвори простор за дејствување, наполно интересен за децата. Мачката е опишана како најубава ангорка, а папагалот како зборлесто животно.
Ова е негов прв обид за создавање прво поголемо прозно дело за
деца и книгата е издание на Едука Мак публикации.