Ајде да се смееме!
Ајде да се смееме, позитивна енергија наоколу да сееме!
Еден ди-џеј фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла:
– Почекај малку! А трите желби?
Диџејот воздивнал и рекол:
– Добро! Кажи кои песни сакаш!
– Кај ќе одиш на одмор годинава?
– Кај шо нема појдено ни Доналд Трамп.
– Ауууу, каде толку бе?
– Градиште.
Охриѓанец на скопјанка:
– Светлана! Светлана! Светланааа !!!
– Не се викам Светлана бе сељак еден!
– А мор’ светлана на колана ги остаи глупа една!
Влегува дебела жена во аптека и прашува:
– Имате ли нешто ефтино за слабеење?
– Да, имаме. Ханзапласт.
– А како се користи?
– Се лепи на уста
На автобуска во Струмица:
– Се извинувам, каде ви е тоалетот?
– Маледеизлезејодвонкашнатастрана…
– Нема проблем, ќе издржам до Радовиш…
Влав му слави роденден на детето:
– Ајде сине дувни ги свеќичките и замисли си желба.
– Сакам да ми купиш торта тато.
– Жена може со една реченица да те крене до небо и да те тресне од земја истовремено.
– Која е таа реченица?
– На комшијата му е помал.
Од кај си?
– Од Скопје!
– Многу си убава!
– Ти се бендисвам?